ОТКАКО ГРЦИТЕ ОБЈАВИЈА ДЕКА СЕ СКАРАНИ, ЗАЕВ И ДИМИТРОВ СЕ СЛИКАА НА СЕМЕЈНА ДРУЖБА

    ОТКАКО ГРЦИТЕ ОБЈАВИЈА ДЕКА СЕ СКАРАНИ, ЗАЕВ И ДИМИТРОВ СЕ СЛИКАА НА СЕМЕЈНА ДРУЖБАОд Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев кој напиша: „На иста линија“.

    Откако неколку грчки медиуми вчера објавија дека во Владата на Република Македонија има поделби околу прашањето за името, денеска премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи се сликаа на заедничка дружба со сопругите Зорица и Наташа.

    И двајцата на своите официјални Фејсбук профили објавија слики од неделната дружба.

    Претходно и Кабинетот на премиерот официјално соопшти дека „Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Република Македонија се на иста, единствена линија. Владата и сите нејзини членови заедно дејствуваат кон исполнување на стратешкиот идентитет на Република Македонија, членство во НАТО и ЕУ и низ тој процес на обезбедување подобар живот на сите граѓани на нашата земја“, изјавија од Кабинетот на премиерот.

    Грчките медиуми пишуваа дека причини за одложување на телефонскиот разговор помеѓу Заев и Ципрас бил министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој наводно „почнал да игра лични игри“ во преговорите за името, нешто што предизвикало раздор помеѓу него и премиерот Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира