ОТПОВИКАН ЈАНИ МАКРАДУЛИ, НОВ ДИРЕКТОР НА „ПОШТА“ ЌЕ БИДЕ ВАСКО СТЕФАНОВ

    ОТПОВИКАН ЈАНИ МАКРАДУЛИ, НОВ ДИРЕКТОР НА „ПОШТА“ ЌЕ БИДЕ ВАСКО СТЕФАНОВМакрадули беше назначен за генерален директор на „Пошта“ во ноември 2020 година. (архивска фотографија)

    Владата на денешната седница донесе одлука да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

    Нов директор ќе има и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, откако денеска беше разрешен Стево Крстевски. За вршител на должноста директор е именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.

    За в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именуваше Даниела Рендевска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира