ОТПОВИКАН МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ТОКИО ЗА КОГО ИМА ОБВИНУВАЊА ЗА МОБИНГ И СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

    ОТПОВИКАН МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ТОКИО ЗА КОГО ИМА ОБВИНУВАЊА ЗА МОБИНГ И СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕОд МНР велат дека амбасадорот е повлечен поради незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата. (Фото: СДК.МК)

    Владата го прифати предлогот на министерот за надворешни работи за отповикување на македонскиот амбасадор во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, соопшти денеска од МНР.

    Станува збор за амбасадорот Горан Цеков, за кого пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, како претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, побара од министерот Бујар Османи да го отповика, бидејќи против него има поднесено претставки за мобинг и сексуално вознемирување од две жени.

    Пред месец и пол, во парламентот, Милошоски кажа дека едната претставка е од македонска државјанка вработена во амбасадата, а друга од јапонска државјанка која соработувала со амбасадата.

    „Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамки на Министерството за надворешни работи му препорача на министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот“, се вели во соопштението на МНР за отповикувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира