ОТВОРЕН НОВ КАРДИОВАСКУЛАРЕН ЦЕНТАР ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА „8 СЕПТЕМВРИ“

    ОТВОРЕН НОВ КАРДИОВАСКУЛАРЕН ЦЕНТАР ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА „8 СЕПТЕМВРИ“Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче на отворањето на Кардиоваскуларниот центар. (Фото: Министерство за здравство)

    Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје свечено беше отворен нов Крадиоваскуларен центар за интервентна кардиологија, кој е сместен на површина од 700 квадратни метри. Центарот има кабинети за трансторакална, трансезофагеална и стрес ехокардиографија, за холтер и АБП дијагностика, за коронарен стрес тест и ергоспирометрија и сала за ангиографија.

    Директорот на болницата Христијан Костов рече дека ова е модерен центар каде пациентите ќе добиваат современа услуга и дека специјалистите ќе работат и за време на дежурствата.

    Премиерот Зоран Заев рече дека ќе продолжат со политики со кои ќе се подигне нивото на здравствена услуга и дека овој центар ќе ги надополни постоечките центри, иако најголемиот капацитет е на Клиниката за кардиологија.

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека новоотвореното одделение ќе дава услуги на едно место и дека и натаму е приоритет подобрување на севкупниот здравствен систем, преку подобрување на условите на здравствените работници и обезбедување повиски плати, како и достоинствени услови за лекување на пациентите. Тој рече дека ја подготвуваат изградбата на новиот Клинички центар и дека ја почнуваат постапката за подобрување на условите во над 30 здравствени установи.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари