Отворена е телефонска линија 078/378-754, за психолошка поддршка на пациентите кои беа повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, за семејствата на загинатите. Во вчерашниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 59 лица на возраст од 14-25 години, главнината од Кочани и околината.
Во Македонија се 84 лица хоспитализирани, а во странство ќе се лекуваат 51 пациент, вкупно 135. Седум малолетници се меѓу хоспитализираните.
Како што соопшти Министерството за здравство, во координација со Психијатриската болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.
„Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните“, вели Министерството.
Црвениот крст повика на донации обезбедување помош за настраданите семејства преку следниве сметки:
- Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
- Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
- Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228