ОВА Е ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАН СЛУЧАЈ, НЕ СЕ ПОЗНАВАМ СО ТАТКОТО НА ВАЊА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ДОКАЗИ, РЕЧЕ ПАЛЕВСКИ, КОЈ СЕ ИЗЈАСНИ ДЕКА Е НЕВИН

    ОВА Е ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАН СЛУЧАЈ, НЕ СЕ ПОЗНАВАМ СО ТАТКОТО НА ВАЊА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ДОКАЗИ, РЕЧЕ ПАЛЕВСКИ, КОЈ СЕ ИЗЈАСНИ ДЕКА Е НЕВИНПалчевски кажа дека не избегал во Србија и потоа во Турција, туку го планирал тоа патување (Фото: К. Попов)

    Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо рече дека е невин за делото за кое се товари, убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палчо денеска пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес и дека тој воопшто не се познава со таткото на Вања.

    „Александар е наместен од полицијата дека има врска помеѓу нас. Јас овој човек не го познавам, ниту Обвинителството има докази за тоа. Целиот процес е монтиран, се викаа и организираа медиуми да ме сликаат како ме носат во суд. Ова Обвинителство нема ниеден доказ, ниту ми се овозможени сите услови за одбрана”, рече Палчо.

    Тој кажа дека не избегал во Србија и потоа во Турција, туку го планирал тоа патување.

    „Морав да одам на магнетна резонанца бидејќи имам сериозни проблеми со рбетот. Да ме фатеше паника, како што вели обвинителката, ќе огранизирав вистинско бегство, немаше да одам на веќе закажани прегледи”, рече Палчо.

    Со исказите на Обвинителството и обвинетите заврши денешното рочиште. Наредното е закажано за 7 октомври, кога ќе сведочи мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира