ПАДНА САЈТОТ НА ДИК СО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ

    ПАДНА САЈТОТ НА ДИК СО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕНа rezultati.sec.mk јавува грешка со серверот на веб сајтот. (Фото: принтскрин/ДИК)

    Веб сајтот на Државната изборната комисија, каде што треба да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори е паднат, веднаш откако се појавија првичните неофицијални резултати.

    На rezultati.sec.mk јавува грешка со серверот на веб сајтот. Според она што можеше да се види пред да падне сајтот, компанијата „Дуна“ е потпишана дека го одржува сајтот.

    Од 2006 година до минатите избори сајтот на ДИК го одржуваше „Ај Воут“, а оваа година јавната набавка ја доби „Дуна“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира