ПАК ПОНИШТЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ НА АВИОКОМПАНИИ, „ВИЗЕР“ НЕ ГИ ИСПОЛНИ КРИТЕРИУМИТЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

    ПАК ПОНИШТЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ НА АВИОКОМПАНИИ, „ВИЗЕР“ НЕ ГИ ИСПОЛНИ КРИТЕРИУМИТЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИИ на претходниот јавен повик, поништен на 6 август, се пријави само „Визер“. - Авион на „Визер“; Министерот Горан Сугарески

    Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кажа дека и вториот јавен повик за финансиска поддршка на авиокомпании е поништен, бидејќи „Визер“, единствениот пријавен кандидат, понудил сите четири дестинации од аеродромот во Охрид да ги воведе во август 2019 година, место како што е обврската предвидена во повикот, две линии да бидат воведени до јануари 2019 година.

    „Во повикот јасно стои дека авиокомпанијата има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот. Авиокомпанијата ’Визер‘ понудила сите четири дестинации да ги воведе во август 2019 година. Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака овој јавен повик да се поништи“, изјави Сугарески на прес-конференција во Владата за повикот објавен на 13 септември.

    Министерот рече дека ќе биде објавен и трет повик, затоа што средствата за субвенционирање се веќе предвидени во буџетите.

    „Критериумите и условите нема да ги менуваме, тие ќе бидат исти како и на претходниот јавен повик“, кажа Сугарески.

    И на претходниот јавен повик, поништен на 6 август, се пријави само „Визер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира