Втор ден по ред земјава бележи рекордно висока бројка новозаболени од ковид-19, по вчерашните 225, во последните 24 часа се регистрирани 243 нови случаи од направени 1.831 тестирања. Најмногу има во: Скопје-98 и во Струмица 21, па Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1, Неготино-2.
Министерството за здравство соопшти дека починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65), од Битола (82), и двајца од Куманово (72 и 80). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 18.602, оздравеа 15.264, починаа 753, а активни се 2.585. Денес се евидентираат четири контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7.291, активни 891
• Куманово 1.795, активни 186
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.275, активни 60
• Прилеп 709, активни 134
• Тетово 1.472, активни 149
• Струга 685, активни 50
• Велес 337, активни 31
• Битола 328, активни 73
• Охрид 437, активни 37
• Кавадарци 251, активни 49
• Гостивар 943, активни 82
• Гевгелија 135, активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 293, активни 178
• Крива Паланка 122, активни 36
• Радовиш 99, активни 35
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 403, активни 183
• Пробиштип 117, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 6
• Пехчево 45, активни 4
• Берово 122, активни 46
• Валандово 44, активни 31
• Виница 119, активни 30
• Делчево 167, активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 371, активни 58
• Кичево 333, активни 35
• Ресен 164, активни 6
• Неготино 57, активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336, Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со ПЦР метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 65
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 144
• Карпош – 129
• Центар – 142
• Кисела Вода – 104
• Ѓорче Петров – 64
• Бутел – 32
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 7
• Сарај – 15
• Арачиново – 6
• Илинден – 35
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 6
• Зелениково – 3
• Странец – 11
• Нераспределен-0