ПАК ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО ОСУМ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ

    ПАК ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО ОСУМ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕУчилиштата се евакуирани и во тек се антитерористички проверки велат од МВР. (Фото: СДК.МК)

    Повторно во дел од средните училишта во Скопје денеска стигнаа закани за поставени бомби. Наставата е прекината во осум училишта и како што соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР), се вршат антитерористички проверки.

    „Денеска околу 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, велат од МВР.

    Заканите за бомби почнаа на крајот на октомври и во текот на цел ноември, досега никој не е уапсен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира