Папата Фрањо се сретна со претставници на верските заедниици од Македонија и со група граѓани од ранливите категории пред Спомен куќата на Мајка Тереза, пред да се упати на плоштад Македонија, каде што ќе одржи света литургија.
Тој прво влезе во куќата каде што одржа молитва, а потоа, откако излезе надвор, ги ислуша пораките од граѓаните од ранливи категории.
Оттаму, папата Фрањо со папамобилот замина на плоштад Македонија, кадешто го чекаат илјадници луѓе, од кои некои дојдени и од странство.
ЕКИПА НА СДК.МК