ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ НЕМА ДА СЕ ДАВА НА ФИРМАТА „ЃОКА“ ОД АЛБАНИЈА, ПОНИШТЕН Е ОГЛАСОТ

    ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ НЕМА ДА СЕ ДАВА НА ФИРМАТА „ЃОКА“ ОД АЛБАНИЈА, ПОНИШТЕН Е ОГЛАСОТСо паркингот ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“ или Службата за општи и заеднички работи на Клинички центар. (Фото: СДК.МК)

    Со паркингот на Клинички центар нема да стопанисува фирмата „Ѓока„ од Албанија. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција кажа дека е поништен огласот и сега ќе се бара ново решение.

    Првата опција е ЈП ‘Градски паркинг‘ да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар“, рече Таравари.

    Таравари кажа дека Министерството нема пари за да инвестира во изградба на катни гаражи.

    Призма“ на 6 март објави дека компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје. Министерот за здравство Арбен Таравари за БИРН потврдил дека оваа албанска фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години. На огласот кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“, која е формирана во Тирана во 1994 година, а од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.

    Потоа премиерот Христијан Мицкоски рече дека овие информации не се точни бидејќи договорот не е склучен, а доколку јавност е против фирмата „Ѓока“ да стопанисува со паркингот нема да се склучи договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира