ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО БАРА ВЕДНАШ ДА СЕ ИЗБЕРЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПО ДОСТАВУВАЊЕТО НА ПОТПИСИТЕ

    ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО БАРА ВЕДНАШ ДА СЕ ИЗБЕРЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПО ДОСТАВУВАЊЕТО НА ПОТПИСИТЕПратеникотнаСДСМСпасовскиречедекаведнашќесеодинаизборнапретседателинаработнителанаСобранието,паконечнотоадапроработи.-Спасовскисопотписитеод67-тепратеници(Фото:СДК.МК)

    СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците поднесоа иницијатива за продолжување на конститутивната собраниска седница. Зад иницијативата стојат 67 пратеници од овие 4 партии, со своите потписи. Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ рече дека веднаш ќе се оди на избор на претседател и на работни тела на Собранието, па конечно тоа да проработи.

    Спасовски очекува, како што рече, претседавачот на конститутивната седница која на 30 декември лани беше прекината, веднаш да закаже нејзино продолжување.

    „Секој пратеник треба да се однесува во овие моменти одговорно, а тоа најмногу се очекува од поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски“, одговори Спасовски на прашањето до кога е рокот претседавачот да закаже седница и што ако тој го оддолговлечи тоа.

    Кога ќе ја свика Вељаноски седницата, пред почетокот, се очекува пратеничките групи да имаат координација и да се договорат за составот на Комисијата за избори и именувања која треба да ги предложи кандидатите за претседател на Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира