ПАЦИЕНТ СО СЕПСА ПО ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ПОЧИНА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“

    ПАЦИЕНТ СО СЕПСА ПО ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ПОЧИНА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“39-годишниот скопјанец почина во Градската општа болница „8 Септември“ откако бил донесен со сепса по операција во приватна болница (Фото: СДК.МК)

    Пациент од Ресен, кој претходно имал операција во приватна здравствена установа по што добил сепса, почина синоќа во Градската општа болница „8 Септември“. Станува збор за 39-годишен маж, а случајот го испитува Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    „Пациентот е донесен вчераутро во 11 часот во септичен шок, но и покрај пружената помош организмот бил премногу интоксициран и не можевме многу да направиме и за жал тој почина“, вели д-р Кристијан Костов, директор на „8 Септември“.

    Директорката на Државниот санитарен и здравствен испекторат вели Ирина Сотирова-Бухова вели дека во моментов се врши надзор за случајот.

    „Се испитува патеката на лекување на починатиот пациент во сите приватни и јавни здравствени установи. Кога ќе заврши наодот ќе излеземе со подетални информации“, вели Ирина Сотирова-Бухова.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари