Министерот за здравство Арбен Таравари, по завршувањето на состанокот на кризниот штаб, кажа дека сите пациенти во македонските болници кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во добра и стабилна состојба.
Планирано е девет пациенти да бидат испишани од болница на почетокот на следната недела, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања.
„Надвор од државата се 115 пациенти. Пет пациенти сè уште се во критична состојба, но нивната состојба флуктуира. Веќе седми ден нема починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме нивната состојба да се подобрува. Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државата“, изјави Таравари.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ минатиот викенд загинаа 59 лица, а речиси 200 беа повредени.