ПЕНДАРОВСКИ ДОДЕЛИ ОРДЕНИ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА СТЕФАНОВСКИ, ХАЏИМАНОВ, НЕСИМИ И МУКАЕТОВ

    ПЕНДАРОВСКИ ДОДЕЛИ ОРДЕНИ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА СТЕФАНОВСКИ, ХАЏИМАНОВ, НЕСИМИ И МУКАЕТОВПретседателот Пендаровски со претставници на семејствата на Несими, Стефановски и Хаџиманов, како и Живко Мукаетов. (Фото: Кабинет на претседателот)

    Бардот на македонската култура Горан Стефановски, големата ѕвезда на југословенските шансони Зафир Хаџиманов, лингвистот Ремзи Несими и генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов се одликувани со Орден за заслуги за Северна Македонија, што го доделува претседателот на државата.

    Претседателот Стево Пендаровски постхумно ги додели ордените на Стефановски, Хаџиманов и Несими и кажа дека четворицата носители на одликувањето имаат различни генерациски, творечки и професионални траектории, но сепак, се спојуваат во единствениот животен пат кој води кон создавање нови вредности во македонското општество.

    Стефановски  се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осовременувањето на книжевното културно наследство, а Хаџиманов се за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво.

    Како што рече Пендаровски, Несими постхумно се одликува за неповторлив и траен придонес во филолошките науки од областа на дијалектологијата и промовирањето на јазичното богатство, а Мукаетов се одликува за континуитетот, иновативноста, визијата и беспрекорните професионални стандарди во современото корпоративно управување во фармацевтската индустрија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира