ПЕНДАРОВСКИ ГО ИСПРАТИ ИВАНОВ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ВИЛА

    ПЕНДАРОВСКИ ГО ИСПРАТИ ИВАНОВ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ВИЛАПо 10 години, Ѓорге Иванов си замина од претседателската вила, придружуван од новиот претседател Стево Пендаровски. Претходно, Иванов го пречека Пендаровски со почести (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ѓорге Иванов, претседател во два мандата, попладнево си замина од претседателската вила, испратен од новиот претседател Стево Пендаровски.

    Претходно, Иванов го пречека Пендаровски со почести, имаа 45-минутната средба, а двајцата заедно се сретнаа и со вработените во претседателскиот кабинет, по што Иванов ја напушти Вила „Водно”.

    Пендаровски дојде во претседателската вила од Собранието, каде што се одржа неговата свечена инаугурација. Со него пристигнаа и сопругата и синот.

    Иванов ја искористи законската можност на претседателска пензија и доживотно ќе има на располагање кабинет, обезбедување и службено возило.

    Веднаш по преземањето на кабинетот, Пендаровски има билатерални средби со претседателите на соседните држави кои присуствуваа на неговата инаугурација во Собранието: Илир Мета од Албанија, Румен Радев од Бугарија, Хашим Тачи од Косово и Александар Вучиќ од Србија.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира