ПЕНДАРОВСКИ ГО НАЗНАЧИ ЕРОЛ МУСЛИУ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

    ПЕНДАРОВСКИ ГО НАЗНАЧИ ЕРОЛ МУСЛИУ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕПретседателот Стево Пендаровски денеска го разреши досегашниот директор Зоран Иванов и на негово место го назначи Муслиу.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Ерол Муслиу е новиот директор на Агенцијата за разузнавање.

    Претседателот Стево Пендаровски денеска го разреши досегашниот директор Зоран Иванов и на негово место го назначи Муслиу.

    Ерол Муслиу последниве години работел во Агенцијата за разузнавање, а претходно бил во Управата за безбедност и контраразузнавање.

    Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека наскоро ќе бидат назначени и тројца членови во Советот за безбедност.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари