ПЕНДАРОВСКИ МУ ГО ВРАЧИ МАНДАТОТ НА КОВАЧЕВСКИ, ТОЈ НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ПОЛИТИКАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ

    ПЕНДАРОВСКИ МУ ГО ВРАЧИ МАНДАТОТ НА КОВАЧЕВСКИ, ТОЈ НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ПОЛИТИКАТА И ИНСТИТУЦИИТЕМандатарот Димитар Ковачевскинајави силен фокус на еконoмскиот развој на земјата и финансиска помош за семејствата. (Фото: К. Попов)

    Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за составување влада на новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. Сега тој има рок од 20 дена да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на новата влада.

    Во кусиот говор по примањето на мандатот, Ковачевски кажа дека негова лична заложба е да се врати довербата на граѓаните во политиката и институциите и најави силен фокус на еконoмскиот развој на земјата и финансиска помош за семејствата.

    „Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веќе од почетокот на следната година. Живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности. Соочени сме со долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државaта, а и остварувањето на стратешките цели. Ваквите времиња бараат стабилни и храбри луѓе кои ќе понесат одговорност. Новата влада ќе има јасна цел, да обезбеди сигурност подобар живот, светла иднина за нашите граѓани. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите. Најавувам силен фокус на еконoмскиот развој на земјата и финансиска помош за семејствата. Нашата земја е мала и не смееме да дозволиме поделби и бескрајни расправии. Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок“, кажа Ковачевски.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека очекува на 15-16 јануари да се одржи дводневната дебата, а вториот ден од дебатата пред полноќ да се изгласа новата влада, која веќе на 17 јануари изутрината би ги презела функциите во министерствата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира