ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА ГО ИЗДАДЕ МИЦКОСКИ ЗА ТОА ШТО БАРАЛ ОД НЕГО НАДВОР ОД АГЕНДАТА НА СРЕДБАТА НА ВОДНО

    ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА ГО ИЗДАДЕ МИЦКОСКИ ЗА ТОА ШТО БАРАЛ ОД НЕГО НАДВОР ОД АГЕНДАТА НА СРЕДБАТА НА ВОДНОСтавовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, велат од кабинетот (Фото:СДК.МК)

    По денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека претседателот на Македонија Стево Пендаровски бил дволичен и со него на вчерашната средба во Вила Водно друго зборувал за осудените за 27 април, а не дека само 4-5 минути се задржале на темата, Пендаровски кажа ќе го задржи нивото да не коментира јавно неофицијални муабети и барања на луѓе кои доаѓаат кај него.

    „Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски. Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани“, соопшти неговиот кабинет.

    Потоа како потсетување за нивото на минимум култура на политичко однесување по разговори што биле надвор од темите на една средба, од кабинетот напишаа:

    „Претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира