ПЕНДАРОВСКИ Е ДВОЛИЧЕН, ВНАТРЕ ЗБОРУВАШЕ ЕДНО, А НАДВОР ПРЕД КАМЕРИТЕ ДРУГО, ВЕЛИ МИЦКОСКИ ЗА ВЧЕРАШНАТА СРЕДБА

    ПЕНДАРОВСКИ Е ДВОЛИЧЕН, ВНАТРЕ ЗБОРУВАШЕ ЕДНО, А НАДВОР ПРЕД КАМЕРИТЕ ДРУГО, ВЕЛИ МИЦКОСКИ ЗА ВЧЕРАШНАТА СРЕДБАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посети пазарот во Делчево. (Фото: Фејсбук)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека претседателот Стево Пендаровски е дволичен, одговарајќи на новинарско прашање за нивната вчерашна средба и изјавата на Пендаровски дека едвај 4-5 минути зборувале за нападот на Собранието на 27 април.

    „Ние генерално внатре се сложивме за сè, но очигледен е притисокот кој се врши врз него од новинарски пера кои се под директна команда на СДСМ и на Зоран Заев и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски. Јас го разбирам, нормално не можам да го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност. Едно лице да имате на средбата, а друго надвор пред камерите“, изјави Мицкоски пред пазарот во Делчево.

    Сепак, Мицкоски вели дека е задоволен што „и ваков притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека ако имаме нови докази за овој случај, како и многу други случаи во минатото да започнат отпочеток“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира