Лекарите-специјалисти кои заминале во пензија ќе може да работат во јавните здравствени установи, а не само како досега во приватните, e предвидено со измените на Законот за здравствена заштита што минатата недела ги усвои Собранието.
Министерот за здравство Венко Филипче, по усвојување на измените рече дека долго време во стручната јавност дискутирале и за лекарите кои заминуваат во пензија.
„Соочени со недостаток експери и специјалисти во одредени струки, лекарите кои заминуваат во пензија или одеа во пензија или беа на располагање на луѓето кои можеа да си дозволат да одат во приватните болници. Со оваа измена во законот, тие може да продолжат да работат како консултанти и да бидат на располагање како на луѓето, така и на помладите колеги да им го пренесат знаењето“, рече Филипче.
Е. БОЧВАРОСКА