ПЕТ ПОЧИНАТИ И 127 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.768 ТЕСТОВИ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ПРИЛЕП

    ПЕТ ПОЧИНАТИ И 127 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.768 ТЕСТОВИ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ПРИЛЕПНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се направени 1.768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, а починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69), двајца од Гостивар (77 и 63 години), еден пациент од Неготино (69) и еден од Скопје (70). Сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

    Новорегистрираните се во: Скопје-38, Куманово-23, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-2, Велес-5, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-12, Струмица-1, Пробиштип-3, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 позитивни, една мајка и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 54 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-1, Битола-3, Кавадарци-11, Гостивар-22, Демир Хисар-1, Кичево-2, Неготино-1.

    Oд денеска, во системот на МојТермин во функција e новиот алгоритам за оздравување na пациенти заболени со ковид-19. Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.

    За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент ако е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11тиот ден. Ако еден пациент имал симптоми во текот на болеста – тој ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден, само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста.

    Процесот на оздравување сега е во целост поврзан со Дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и Регистарот за позитивни КОВИД-19 пациенти.

    Минатата недела Комисијата за заразни болести го усвои новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација. Откако кон крајот на мај, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести дадоа нови насоки/препораки за ослободување на пациентите од изолација, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и утврди дека кај пациенти кај коишто е дијагностициран коронавирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, не е присутен виабилен – репликативно компетентен, односно вирус којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза.

    Вкупн ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 13.799, од кои оздравени се 10.210, починати 573, а во моментов активни 3.016. Министерството соопшти дека во вчерашното соопштение за дневната статистика е направена печатна грешка кај бројот на активни случаи, бројката на активни вчера беше 2.955, а не 2.995.

    Денеска се евидентира еден контролен тест од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 5.733, активни 892
    • Куманово 1.401, активни 362
    • Дебар 242, активни 77
    • Штип 1.111, активни 261
    • Прилеп 414, активни 78
    • Тетово 1.197, активни 181
    • Струга 547, активни 142
    • Велес 264, активни 38
    • Битола 197, активни 53
    • Охрид 326, активни 60
    • Кавадарци 170, активни 90
    • Гостивар 752, активни 300
    • Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 58, активни 23
    • Крива Паланка 37, активни 11
    • Радовиш 40, активни 11
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 134, активни 30
    • Пробиштип 79, активни 24
    • Демир Хисар 60, активни 26
    • Македонски Брод 69, активни 36
    • Пехчево 12, активни 6
    • Берово 42, активни 33
    • Валандово 7, активни 0
    • Виница 64, активни 42
    • Делчево 38, активни 33 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 16, активни 2
    • Свети Николе 278, активни 68
    • Кичево 263, активни 98
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 44, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1768 теста се преку: ИЈЗ-510, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-132, Биотек-268, МАНУ -117, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Систина со PCR метода -342, лабораторија Лаор –56, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-19, ГАК-21, лаборатории од странство-0 . Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 117
    • Гази Баба – 108
    • Аеродром – 104
    • Карпош – 95
    • Центар – 94
    • Кисела Вода – 94
    • Ѓорче Петров – 67
    • Бутел – 68
    • Шуто Оризари – 38
    • Студеничани – 20
    • Сарај – 23
    • Арачиново – 18
    • Илинден – 13
    • Сопиште – 7
    • Чучер Сандево – 7
    • Петровец – 8
    • Зелениково – 4
    • Странец – 4
    • Нераспределен – 3

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира