ПЕТ ПРЕСУДИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ВО СТРАЗБУР ЗА ТОРТУРА ОД ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕТ ПРЕСУДИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ВО СТРАЗБУР ЗА ТОРТУРА ОД ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

    Рекордни пет пресуди против Република Македонија што се однесуваат на кршење на Европската конвенција за човекови права донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур, објави денеска Хелсиншкиот комитет на Македонија по повод меѓународниот ден за поддршка на жртвите од мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување.

    Во сите пресуди се работи за тортура извршена од страна на државни службеници, но и покрај тоа што овие случаи биле пријавени во обвинителствата, за нив или воопшто немало никаква истрага или истрагата била целосно неефективна.

    Во соопштението на Хелсиншкиот комитет стои дека  дел од овие примери се брутално нападнат граѓанин на улица во Охрид од страна на полицијата, осудено лице кое по напад на затворски полицаец изгуби еден бубрег и слезината, напад на голем број полициски сили против граѓани од ромската заедница во населбата Топаана, претепувањето на невино момче во Полициската станица во Демир Хисар, тепањето на малолетни деца Роми од страна на Полициската единица „Алфа“, врзувањето со јаже на малолетниот Леон погрешно сместен во установа за лица со телесна попреченост и употребата на загадена вода во Затворот „Куманово“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари