ПЕТКОВ ГО ИСЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ ОД СЛИКАТА СО БЛИНКЕН

    ПЕТКОВ ГО ИСЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ ОД СЛИКАТА СО БЛИНКЕНФотографијата што ја објави Ковачевски (лево) и фотографијата што ја објави Петков (десно). (Фото: Фејсбук)

    Бугарскиот премиер Кирил Петков го исече македонскиот колега Димитар Ковачевски од заедничката слика со американскиот државен секретар Ентони Блинкен од нивната средба на маргините на Минхенската конференција за безбедност.

    Целата фотографија на Фејсбук првин ја објави Ковачевски вчера, кој напиша дека имал срдечна средба со државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис.

    „Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, кажа за средбата Ковачевски.

    Петков денеска ја објави исечената слика, исто така, на Фејсбук, но во објава со неколку други слики, и напиша дека елиминацијата на корупцијата е врвен приоритет за целата демократска заедница и безбедносните служби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира