ПЕТМИНА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ ВО ТУРЦИЈА КАКО ЧЛЕНОВИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ПЕТМИНА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ ВО ТУРЦИЈА КАКО ЧЛЕНОВИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

    Во Турција биле уапсени петмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава. Акцијата била спроведена на 12 август од страна на турската полиција, а по приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул, соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

    “Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. Според досегашните сознанија лицата биле претходно поттикнати и организирани од македонски државјани-џихадисти кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со единствена крајна цел приклучување кон муџахединските единици во Сирија”, рече Чавков.

    Тројца од приведните во акцијата „Ќелија 3“ се од Куманово, а двајца од Скопје. Тие се екстрадирани во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира