ПИМЕН НЕ ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊЕ НА НИНЏА ЗА БЕТМЕН, ПОВИКУВАЈЌИ СЕ НА ДОВЕРЛИВОСТ МЕЃУ ДУХОВНО ЧЕДО И ОТЕЦ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ПИМЕН НЕ ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊЕ НА НИНЏА ЗА БЕТМЕН, ПОВИКУВАЈЌИ СЕ НА ДОВЕРЛИВОСТ МЕЃУ ДУХОВНО ЧЕДО И ОТЕЦ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛВладиката Пимен и обвинетиот Богдан Илиевски - Бетмен пред денешното судење за организираниот напад во Собранието на 27 април лани. (Фото: К. Попов)

    Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието, кажа владиката Пимен, кој денеска беше сведок предложен од Богдан Илиевски, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на судењето за организираниот напад во Собранието.

    Пимен кажа дека со Богдан се запознал на социјалните мрежи, станале пријатели и бил негов духовен водач.

    „Учеството на протестите го правеше без никаков паричен надоместок и без намера за напредок во кариерата. Богдан на 28 април, еден ден после настаните, ми рече дека треба да се врати угледот на ’За заедничка Македонија‘“, сведочеше Пимен.

    Тој кажа дека Богдан бил тој кој на протестите го смирувал народот и го чистел ѓубрето после протестите од улиците.

    Обвинетиот Александар Василевски-Нинџа го праша Пимен која била причината неговото духовно чедо Бетмен во 2015 година да се сврти за 360 степени, односно да почне да поддржува десноориентирана политичка партија. На прашањето на Нинџа, Пимен одби да одговори бидејќи, како што рече, негова обврска е интимните исповеди да останат меѓу духовните чеда и отецот.

    Обвинетиот Илиевски предложи петмина сведоци, меѓу кои и Сотир Костов, кој поради болест не дојде на денешното судење, па беше повлечен од листата на сведоци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира