ПИОМ ИСПЛАЌАЛ ПЕНЗИИ И НА ПОЧИНАТИ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПИОМ ИСПЛАЌАЛ ПЕНЗИИ И НА ПОЧИНАТИ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

    Пензискиот фонд им исплаќа пензија и на починати лица зашто нема целосна контрола, утврди Државниот завод за ревизија. Во извештајот објавен денес, овластениот државен ревизор констатира дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување нема целосни и точни информации кому се по закон треба да му исплаќа пензија или да врши други исплати.

    „По извршената проверка на воспоставените контроли при исплата на пензиите, ревизијата констатира дека и покрај преземените активности за воспоставување и функционирање на системот на интерни контроли (доставување на потврди за живот, школски потврди, исплата на солидарен фонд) исплата на корисник на пензија може да се изврши и по истекот на законски утврденото право. Причина за ваквата состојба е необезбедени навремени, точни и целосни информации од надлежните институции и електронска форма на податоци во Фондот. Утврдената состојба создава ризик да се изврши исплата на пензиски примања на починати корисници на пензија во и надвор од РМ, претплата по основ на времени инвалидски пензии и исплата на корисници на семејна пензија – деца по престанување на школувањето”, стои во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

    Во вакви случаи Фондот треба да бара враќање на парите, но ревизорот утврдил дека активностите за поврат на повеќе исплатените средства од деловните банки преку Управата за финансиска полиција се забавени, а преземените активности за враќање на долгот се покренување на постапка за надоместок на штета од корисниците се недоволни.

    Ревизијата му дала препораки на Фондот за ПИОМ – да ги ажурира процедурите за исплата на пензии, да обезбеди целосни информации за извршените контроли при исплата на пензиски примања во Одделението за ликвидација на пензиски примања, редовно да го усогласува пресметаниот со исплатениот износ на пензиски примања и да ги интензивира мерките за поврат на средства од лицата кои имаат заостанат долг за незаконска и неправилно извршена исплата на пензија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари