ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ОД МАРТ ДО МАЈ СЛЕДНАТА ГОДИНА, АВИОСООБРАЌАЈОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 17.30 ДО 9 ЧАСОТ

    ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ОД МАРТ ДО МАЈ СЛЕДНАТА ГОДИНА, АВИОСООБРАЌАЈОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 17.30 ДО 9 ЧАСОТОд 28 март до 16 мај 2022, авиосообраќајот ќе се одвива од 17:30 до девет часот (Фото: Скопски аеродром)

    Меѓународниот аеродром Скопје најави дека следната година ќе ја реновира пистата, што ќе доведе и до измени во авиосообраќајот.

    Градежните работи ќе се извршуваат вкупно 50 дена, од 28 март до 16 мај 2022 година и во тој период, авиосообраќајот ќе се одвива од 17:30 до девет часот.

    Од „ТАВ Македонија“ велат дека обновувањето на пистата е дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонските аеродроми, при што ќе се одвива без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира