ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА Е КРВАВО ЦРВЕН ВО СПОМЕН НА МАРТИН НЕШКОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА Е КРВАВО ЦРВЕН ВО СПОМЕН НА МАРТИН НЕШКОВСКИ

    Со црвена боја демонстрантите испишаа „Убијци“ на Плоштадот Македонија на кој пред пет години беше убиен Мартин Нешковски. Насекаде оставија траги кои ја симболизираат крвта на Нешковски, а околу фонтаната на новите мермерни плочки со барокни шари, се пишуваат пораки со кои се бара правда и слобода.
    Цел плоштад е крваво црвен.
    Меѓу демонстрантите и вечерва е поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере. Тој од вчера се приклучи на Шарената револуција и рече дека ги поддржува луѓето кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата.
    Вечерва протестот во Скопје го предводеше Александар Нешковски, брат на убиениот Мартин Нешковски. Од пред Специјалното јавно бвинителство демонстрантите со голем транспарент на кој пишува „Пробавте да сокриете убиство“ тргнаа кон Собранието. Мото на вечерашниот протест е „Крвта не е боја, бојата се пере“.
    Денеска се одбележува точно една година откако јавноста во бомбите ја слушна вистината за убиството на Мартин Нешковски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари