И ПО ДВА ДЕНА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТО, НЕ СЕ ИЗГЛАСА ОГЛАСОТ ЗА НОВ ОБВИНИТЕЛ

    И ПО ДВА ДЕНА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТО, НЕ СЕ ИЗГЛАСА ОГЛАСОТ ЗА НОВ ОБВИНИТЕЛПретседателот на Собранието Талат Џафери рече дека за продолжението на седницата пратениците ќе ги извести дополнително. - Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов и неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Заврши дводневната расправа за распишување на оглас за избор и именување на нов Јавен обвинител без да се изгласа одлука за објавување на огласот во Службен весник. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека за продолжението на седницата пратениците ќе ги извести дополнително.

    Во целодневните дискусиии, пријавените 24 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги повторија своите реченици од двомесечната расправа со реплики и контрареплики строго меѓу себе, пред обвинителот Марко Зврлевски да биде разрешен.

    По распишувањето на огласот, што не се знае кога ќе се случи, во рок од 15 дена ќе се пријавуваат кандидати за нов Јавен обвинител на Македонија. За нив ќе треба потоа позитивно мислење, ако има, да даде Советот на јавни обвинители. Советот може за ниту еден од кандидатите да не даде позитивно светло, со што, во таква ситуација огласот ќе мора да се повтори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира