ПО КУЛТУРАТА ДВОЈЧЕ И БАГЕ ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТААТ И ВО СПОРТОТ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:691:"АктуелниотградоначалникипоранешенактерВладимирТалескистоипозадиракометниотклуб„Пелистер“акционерскодруштвовостопроцентнасопственостнаОпштинаБитола,аБлагојаСтефановски-Баге,ексминистерзакултураипоранешендиректорнаБитолскиотнародентеатар,пак,заеднососинмуБојансеангажиранивоуправатанановоформираниотракометенклуб„Работник“";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО КУЛТУРАТА ДВОЈЧЕ И БАГЕ ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТААТ И ВО СПОРТОТ

    Некогашните ривали од театарската сцена, сега копјата ќе ги вкрстуваат на спортските терени во Битола. Актуелниот градоначалник и поранешен актер Владимир Талески (за битолчани Двојче, прекар по лик од детска серија кој тој го играше) стои позади  ракометниот клуб „Пелистер“ кој е акционерско друштво во сто процентна сопственост на Општина Битола, а Благоја Стефановски-Баге, ексминистер за култура и поранешен директор на Битолскиот народен театар, пак, заедно со син му Бојан Стефановски се ангажирани  во управата на  новоформираниот  ракометен клуб „Работник“ .

    „Работник“ сега го водат познатите и докажани македонски ракометари Иван Марковски и Александар Зарков и веќе тимот е новиот суперлигаш во македонската супер лига. Во него се врати да игра и довчерашниот играч на „Вардар“ Филип Чурлевски, син на покојната легенда на македонскиот и битолскиот ракомет Боро Чурлевски. Тренерите на „ХЈС Работник“ за медиумите изјавија дека на екипата и нудат  максимална посветеност и квалитетен тренинг. Веќе дадоа и двајца кадетски репрезентативци и се надеваат дека ќе се вратат битолските дерби натпревари.

    Во исто време, пак, РК „Пелистер“ доби засилување зашто тренерскиот дрес повторно го облече легендарниот тренер од поранешните ју простори Касим Каменица. Тој ги водеше битолските ракометари пред 30 години кога „Пелистер“ нижеше врвни резултати на табелите на поранешната југословенска лига. Додека тој беше на кормилото на битолскиот ракомет, спортската сала во Битола беше полна со публика, до тој степен што уште две до три илјади гледачи остануваа надвор и од таму ги следеа натпреварите.

    „Екипата не е на прав начин комплетирана и селектирана. Наша цел за во иднина е таа екипа да ја докомплетираме, да оформиме еден играчки тим кој ќе брои 18 играчи кои во текот на целата сезона ќе може да реализираат квалитетна програма. Тогаш ќе можам да ветам дека Пелистер ќе се издигне на врвот на македонскиот ракомет кој сега е некако концентриран во Скопје“, рече Каменица.

    Интересно ќе биде да се види дерби натпревар меѓу двата клуба, што ќе биде и своевиден дуел меѓу Баге и Владе. Но, најважно од се е што Битола ракометно ќе живне.

    Битолчани паметат дека ривлството и меѓусебните обвинувањата меѓу Баге и Талески траеја со години. Доживеаја кулминација кога Талески стана градоначалник, а Баге по министерската функција не го вратија во театарот. Тогаш извесен период  улоги во претставите не добиваа актерите кои беа блиски до Стефановски. Тој обвинуваше дека позади ваквата режија стои Талески, а овој пак дека времето на Баге поминало.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира