ПО ПРЕДЛОГ НА МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА МИНИСТРИТЕ РАЦИОНАЛНО ДА ГИ КОРИСТАТ СЛУЖБЕНИТЕ КОЛИ

    ПО ПРЕДЛОГ НА МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА МИНИСТРИТЕ РАЦИОНАЛНО ДА ГИ КОРИСТАТ СЛУЖБЕНИТЕ КОЛИАрхивска фотографија од владин пасат паркиран на шеталиштето на Кеј 13 Ноември во строгиот центар на Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница донесе одлука министерите, директорите и другите носители на јавни функции да ги користат рационално службените коли. Како што соопшти Владата, оваа одлука е донесена по предлог на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски,  и со тоа ќе се воспостави унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила за да се спречи злоупотреба на ова право од носителите на јавни функции и вработени во државната управа.

    „Со одлуката се утврдува начинот на користење и одржување на службените возила кои се во сопственост, односно се користат во министерствата и другите органи на државната управа, се утврдуваат корисниците на тие возила и начинот на користење од страна на корисниците носители на јавни функции именувани од Владата, и од страна на останатите вработени во државната управа со овластувања за користење возила за службени потреби“, велат од Владата.

    Одредени исклучоци од оваа одлука се утврдени во делот на службените возила во сопственост на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира