ПОЧИНА 65-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ЛАБУНИШТА, УШТЕ 25 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

    ПОЧИНА 65-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ЛАБУНИШТА, УШТЕ 25 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСВо изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2. (Фото: К. Попов)

    Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години, соопшти Министерството за здравство. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

    Позитивен на Ковид-19 е и брисот што е земен пост мортем од пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга. Со тоа, бројот на починати досега е 11.

    Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
    Скопје – 183
    Куманово – 54
    Дебар – 47
    Штип – 15
    Прилеп – 12
    Тетово -13
    Струга – 9
    Велес – 6
    Битола – 4
    Охрид – 3
    Кавадарци – 2
    Гостивар – 1
    Гевгелија – 2
    Струмица- 1
    Крива Паланка – 1
    Кочани – 1

    Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, „Жан Митрев“ – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на КОВИД- 19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира