Почина повреденото двегодишно дете кое беше тешко повредено од метален предмет во главата, за време на новогодишната ноќ. Тоа е дадено на обдукција, по што патолозите ќе ѝ кажат на истрагата од што е тој метален предмет залутан во главата на малото дете, за време на огнометот, неофицијално во Шуто Оризари.
Од направениот скен претходно, не можело да се види дали металното парче е од испукан куршум.
Детето почина на Клиниката за детска хирургија во Скопје, каде лекарите се бореа да го спасат.
Според кажувањето на мајката, тие заедно присуствувале дочекот со огномет.



