ПОЧИНА ЕСМА РЕЏЕПОВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧИНА ЕСМА РЕЏЕПОВА

    Кралицата на ромската музика Есма Реџепова утрово починала во Скопје, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК членови на семејството. Таа пред две недели беше примена во една болница во Скопје во тешка состојба.

    Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг СтевоТеодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.

    Годинава Есма имаше бројни настапи меѓу кои“ најистакнати беа оние во Конгресната библиотека и Кенеди центарот во Вашингтон во рамките на турнејата низ САД, а на крајот на август пееше и на хуманитарниот концерт за поплавените во скопско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира