ПОЧИНА НОВИНАРОТ РИСТО ПОПОВСКИ

    ПОЧИНА НОВИНАРОТ РИСТО ПОПОВСКИОсновачот на првата приватна новинска агенција на Балканот Макфакс почина синоќа на 73 годишна возраст по кратко боледување. ( Фото: Цивил Медиа)

    Доајенот на македонското новинарство Ристо Поповски почина синоќа по кратко боледување на 73 годишна возраст. Тој е основач на првата приватна новинска агенција на Балканот Макфакс и добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.

    Во неговата богата новинарска кариера беше уредник во новинарската агенција Тајнуг, работел за Радио Скопје, беше дописник во Москва во време на историските промени на почетокот на 90-тите години. Во 1992 година ја основа независната новинска агенција Макфакс. Беше коментатор на неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а коментатор од Македонија за Ал Џезира. Поповски е еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода, каде долги години беше активист.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира