Утрово почина и сопругата на 84-годишниот скопјанец кој вчера си го застрела семејството во Бутел 1, при што го уби внукот, ги рани сопругата и ќерката и се самоуби. 58-годишната ќерка уште е во животна опасност на Клинички центар, соопшти МВР.
Според МВР, убиствата се случија во куќата на П.Т. на улица Хо Ши Мин вчера околу 12.40 часот, кога тој со пиштол „берета“ калибар7,65 мм, што го поседувал со дозвола, пукал во 78-годишната сопруга, па во ќерката, а 32-годишниот внук откако влегол во ходникот од куќата бил погоден во главата и починал на самото место. Потоа П.Т. со пиштолот си пукал во главата и се самоубил.
МВР соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот.