ПОЧИНА УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ ОД КОМПЛИКАЦИИ ОД МАЛИ СИПАНИЦИ

    ПОЧИНА УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ ОД КОМПЛИКАЦИИ ОД МАЛИ СИПАНИЦИИскрено жалиме што овие деца се жртви на епидемијата од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација, велат од Министерство за здравство.(Фото: СДК.МК)

    Уште едно дете почина од компликации од мали сипаници (морбили), вчера попладне на Клиниката за детски болести.

    „Станува збор за 13-месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили. Искрено жалиме што овие деца се жртви на епидемијата од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација“, велат од Министерство за здравство.

    Министерството повторно апелира до родителите најодговорно да ги применуваат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување.

    „Вакцината ја има во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење“, велат од Министерство за здравство.

    Од Министерството велат дека во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни болести биле прегледани 9 заболени со мали сипаници , а тројца со потешка клиничка слика биле примени на лекување.

    „Примено е едно 6-месечно бебе од село Студеничани, кое претходно се лекувало на Клиниката за детски болести, второто е 1,5-годишно дете од Радишани. Двете деца биле невакцинирани и се со бронхопневмонии. Примена е и 47-годишна жена од Кисела Вода која има сипаници и има непознат вакцинален статус. На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 25 пациенти со мали сипаници, од кои неколку деца имаат потешка клиничка слика. Амбулантски се прегледани уште шест заболени, едно шестмесечно бебе од Куманово, а останатите се возрасни од 24 до 43 години, од село Студеничани и со непознат вакцинален статус“, велат од Министерството за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира