ПОЧИНАА 3 ЛИЦА, 123 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.312 ТЕСТА

    ПОЧИНАА 3 ЛИЦА, 123 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.312 ТЕСТАНа Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 78 пациенти; - Возило на Брза помош пред Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    Три лица починаа по компликации од коронавирус во последните 24 часа, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 од 1.312 теста, соопшти Министерство за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во болницата во Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

    Новите случаи се регистрирани во: 54 во Скопје, 18 во Штип, 16 во Гостивар, шест во Струга, по пет во Куманово и Тетово, по четири во Дебар и Кичево, три случаи во Охрид, по два случаи во Битола и Свети Николе и по еден случај во Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен.

    На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 29 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, и седум позитивни деца. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 74 пациенти, и тоа 23 од Скопје, 15 од Тетово, седум од Битола, по шест од Прилеп и Гостивар, по пет од Кичево и Ресен, по два од Штип, Кочани и Пробиштип и еден од Дебар.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 9.669, од кои оздравени се 5.145, починаа 445, а активни случаи има 4.079.

    Досега во земјава се направени  91.015 тестирања на ковид-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира