ПОЧИНАА ДВЕ ЛИЦА НА 25 И 36 ГОДИНИ, РЕГИСТРИРАН УШТЕ 41 ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19

    ПОЧИНАА ДВЕ ЛИЦА НА 25 И 36 ГОДИНИ, РЕГИСТРИРАН УШТЕ 41 ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19Полицискиот час почна денес во 15 часот, а ќе трае до понеделник. (Фото: К. Попов)

    Оздравени се 37 пациенти, две лица се починати, а потврден е 41 нов случај на коронавирус, стои во дневната статистика на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.
    Од оздравените пациенти, 2 пациенти се од болничко лекување и 35 се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1.

    На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на Институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен  пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.

    Во изминатите 24 часа направени се 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на КОВИД-19 и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп -8, Тетово -4, Струга – 1, Велес -2, Битола -1.

    Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.367, од кои 374 излечени, 59 починати и 934 активни, а последната дистрибуција по градови е следна:

    Скопје – 468
    Куманово – 363
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –139
    Тетово – 73
    Струга – 62
    Велес – 63
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –14
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -4
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1
    Валандово -1
    Виница – 1

    Направените 728 теста се преку: ИЈЗ –523, Ветеринарен факултет – 18, Авицена – 20, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –97, Систина со ПЦР метода – 20 и МАНУ -4 . Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања на КОВИД -19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 4 пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.

    Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани 2, а на домашно лекување се следат уште 9 пациенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира