ПОЧИНАА УШТЕ ШЕСТ ЛИЦА, 153 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ

    ПОЧИНАА УШТЕ ШЕСТ ЛИЦА, 153 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕПочинати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен. - Инфективниот оддел на ГОБ „8 Септември“ каде што еден пациент починал при прием (Фото: Ѓ. Личовски)

    Шестмина починаа во изминатото деноноќие по компликации од коронавирус, а регистрирани се 153 нови случаи од 1.279 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа 2 лица – едниот е пациент од Ресен на 53 години кој починал при прием и пациент на 61 година од Скопје кој во болницата бил лекуван ден порано – на 23 јуни.

    Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75) хоспитализиран на 24 јуни.

    Во болницата во Охрид почина пациент (68) години, хоспитализиран на 23 јуни.

    Во статистиката влегува и пациент од Тетово на 79-годишна возраст кој починал претходно.

    Министерството за здравство соопшти дека новите регистрирани случаи се од : Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на КОВИД-19 и 11 возрасни, потврдени позитивни на корнавирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти.

    Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 5.595, оздравени се 2.166, починати се 265, а во моментов има 3.164 активни случаи. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 2730, активни 1800
    • Куманово 723, активни 268
    • Дебар 83, активни 31
    • Штип 290, активни 184
    • Прилеп 240, активни 20
    • Тетово 603, активни 355
    • Струга 389, активни 107
    • Велес 171, активни 30
    • Битола 44, активни 15
    • Охрид 131, активни 107
    • Кавадарци 11, активни 5
    • Гостивар 91, активни 52
    • Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 13, активни 9
    • Крива Паланка 13, активни 7
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 63, активни 27
    • Пробиштип 14, активни 9
    • Демир Хисар 1, активни 0
    • Македонски Брод 3, активни 1
    • Пехчево 5, активни 2
    • Берово 2, активни 1
    • Валандово 6, активни 4
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 1
    • Свети Николе 20, активни 18
    • Кичево 16, активни 12
    • Ресен 85, активни 83
    • Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5, Систина со ПЦР метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 416
    • Аеродром – 141
    • Бутел – 136
    • Гази Баба – 151
    • Центар – 123
    • Карпош – 121
    • Сарај – 138
    • Кисела Вода – 109
    • Ѓорче Петров – 88
    • Студеничани – 94
    • Шуто Оризари – 77
    • Арачиново – 51
    • Илинден – 32
    • Петровец – 16
    • Чучер Сандево – 17
    • Сопиште – 12
    • Зелениково-2
    • Странец – 3
    • Нераспределен-7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира