ПОЧНА ПРВАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

    ПОЧНА ПРВАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕУчесници на Парадата на гордоста пред Владата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Граѓани од сите генерации, многу учесници од Грција, Србија, Црна Гора и од други странски држави, дојдоа да дадат поддршка на првата Парада на гордоста што се одржува денес во Скопје.

    Организатор на настанот е ЛГБТ мрежата.

    Министерката за труд и социјала Мила Царовска на Парадата на гордоста во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Маршот тргнува од Паркот Жена Борец пред ГТЦ. Крајната дестинација е Школка во Градскиот парк, каде треба да има журка и говори. Најавена за обраќање е министерката Мила Царовска.

    Настанот е под силно полициско обезбедување, проблеми нема.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира