ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЈАНКУЛОСКА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЈАНКУЛОСКА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕСашо Мијалков и Гордана Јанкулоска утринава влегуваат во Основниот суд Скопје 1 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сашо Мијалков, поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање дојде на првото рочиште за аферата со масовното прислушување на граѓани во периодот од 2008 до 2015 година, додека беше на функцијата. Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за примање награда за противзаконито влијание.

    Покрај него, во овој случај на СЈО Тврдина -Таргет, обвинета е и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот шеф на нејзиниот кабинет Тони Јакимовски. Вкупно обвинети се 15-мина, од кои еден призна вина и беше осуден условно.

    Не присуствуваат избеганите Горан Грујевски, ексначалникот на Петтата управа која го вршела масовното прислушување на десетици и десетици граѓани низ годините на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски, и неговиот соработник Никола Бошковски. Тие се во постапка за екстрадиција пред судот во Солун.

    Обвинението за овој случај го одобри судијата од организиран криминал Горан Бошевски.

    СЈО ќе настапи со докази за нелегално прислушување на над 5.000 граѓани, иако има информации за прислушувани над 20.000. До денеска, операторот Телеком не ги дал доказите за околу 15.000 прислушувани броеви преку овој оператор.

    Системите со кои се прислушувале граѓани, новинари, политичари, судии, бизнисмени, потоа Грујевски и Бошковски ги уништиле.

    Незаконското прислушување, според доказите на СЈО најдени во УБК, продолжило и по објавувањето на аферата. За тој период надлежно е редовното, т.е. Јавното обвинителство на РМ, кое до денеска нема покренато истрага.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира