ПОДАРЕНО ВОЗИЛО ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАГЛАВЕНО НА ЦАРИНА

    ПОДАРЕНО ВОЗИЛО ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАГЛАВЕНО НА ЦАРИНАМобилното возило ќе мери аерозагадување во местата каде нема фиксни мерни станици, вели заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. (Фото:СДК.МК)

    Мобилна лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот, донација од ИПА фондовите, шест месеци е заглавена на Царина и не е ставена во функција. Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека наскоро ќе ги завршат потребните царински процедури и ова мобилно возило ќе го користат за да се мери загадувањето во оние општини каде што нема фиксна мерна станица.

    „Ова мобилно возило кое е опремено со мини лабораторија е набавено со донација од ИПА фондовите. Набавено е во март годинава, но се уште не е ставено во функција, оти е заглавено во некои царински процедури. И тоа сега се расчистува и многу скоро ќе го ставиме во функција“, вели Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

    Тој објасни дека согласно европските стандарди Македонија има поставено минимум фиксни мерни станици со кои се мери загадувањето на воздухот.

    „Според бројот на жители задоволени се европските стандарди, но проблемот со мерните станици е тоа што дел не работат, а дел не ги мерат сите параметри. Но и тоа ќе го решиме. За прв пат мерната станица Битола 2 мери ПМ честички со големина од 2,5 микрометри. Тоа досега не беше така. Оваа мобилна лабораторија ќе ја добие Министерство за животна средина, бидејќи мониторингот е кај нас. Сите податоци од мерењата ќе бидат јавно објавени, односно нема да има криење на податоци“, вели Макрадули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира