Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан доцна во понеделникот, по објавувањето на прелиминарните резултати ги поздравија спроведените предвремени парламентарни избори во Македонија и повикаа Владата и опозицијата да продолжат со целосно спроведување на претходните политички договори, што вклучува и поддршка на работата на Специјалното обвинителство.
„Очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада и спроведување реформи за решавање на системското владеење на правото, како и на итните реформски приоритети. Владата и опозицијата треба да продолжат со целосно спроведување на претходните политички договори, што вклучува и поддршка на работата на Специјалното обвинителство“, соопштија Могерини и Хан.