ПОДНЕСОВ КАНДИДАТУРА ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ДРЖАВАТА, РЕЧЕ ГОРДАНА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА

    ПОДНЕСОВ КАНДИДАТУРА ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ДРЖАВАТА, РЕЧЕ ГОРДАНА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВАТаа рече дека причина поради која по втор пат се кандидира за претседателка е бидејќи граѓаните се во агонија и дека време е за жена претседател. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката и професорка Гордана Сиљановска-Давкова поднесе кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на државата за претстојните избори.

    Се кандидирам за претседателка на Македонија. Оваа моја кандидатура треба да се официјализира на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Моите колеги пратеници ме убедуваа да се кандидирам и за кусо време без да знам собрале потписи. Јас ќе собирам и 10.000 граѓански потписи“, рече Сиљановска-Давкова.

    Таа рече дека причина поради која по втор пат се кандидира за претседателка е бидејќи граѓаните се во агонија, време е за жена претседател и консензус меѓу сите политички субјекти.

    Ако градиме консензус ќе бидеме посилни. Ако не се почитуваме себеси не може да очекуваме почит од никого. Во Европската унија се оди со стандарди во сите области, а не само со зборови ЕУ, ЕУ љубов моја или со како што велат европски фронт“, рече Сиљановска-Давкова.

    Сиљановска-Давкова на претседателските избори во 2019 година беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и беше поразена од кандидатот на СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски. На парламентарните избори во 2020 беше носителка на листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица и стана пратеничка во Собранието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира