ПОГРЕБАЛНИТЕ ОБРЕДИ ВО КАПЕЛИТЕ ВО СКОПЈЕ НАМЕСТО ЕДЕН ЌЕ ТРААТ ПОЛОВИНА ЧАС

    ПОГРЕБАЛНИТЕ ОБРЕДИ ВО КАПЕЛИТЕ ВО СКОПЈЕ НАМЕСТО ЕДЕН ЌЕ ТРААТ ПОЛОВИНА ЧАСПосле секој обред, капелата ќе биде дезинфицирана.(Фото: АД Бутел)

    Погребалните обреди во капелите во Скопје од еден час се скратуваат на половина час.

    Од АД „Бутел“ информираат дека престојувањето во капелите се скратува за половина час поради препораките на Владата за спречување понатамошно ширење на коронавирусот. После секој обред, информираат од АД „Бутел“ капелата ќе биде дезинфицирана од нивни екипи.

    Министерот за здравство Венко Филипче вчера апелираше погребите да се одржуваа во најтесниот круг на семејството и да се ограничат верските собири.

    „Никој не смее да си дозволи да го загрози јавното здравје. Ја разбирам емотивната состојба во случаи на погреби, ама може овој период погребите да се прават во најтесното семејство. Нека останат тие собирања за понатаму. Ако продолжат и верските собирања, јас ќе побарам од Владата соодветен начин стриктно да се забранат“, рече министерот Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира