ПОЛА ОХРИДСКО КРАЈБРЕЖЈЕ ПАК НЕМА ВОДА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛА ОХРИДСКО КРАЈБРЕЖЈЕ ПАК НЕМА ВОДА

    Половина охридско крајбрежје од утринава пак е без вода. Поради интервенција на главната водоводна цевка што води од хотелите Метропол до селото Пештани без вода се туристичките капацитети, ресторани и барови во Лагадин, Елешец и Пештани, како и околните населени места.

    Во комуналното претпријатие за снабдување со вода Проаква велат дека екипите се на терен и работат на линијата на која што работеа и во неделата, кога источното крајбрежје беше без вода повеќе од шест часа, поради дефект на плажата во туристичката населба Лагадин. Денешната интервенција била за да се спречи поголема хаварија. Немаат информација кога водоснабдувањето ќе биде стабилизирано.

    Минатата година среде летната туристичка сезона, овој потег на Охридското крајбрежје остана без вода речиси два дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари