ПОЛИТИЧКИ ЕКСПОНИРАНИ ЛИЦА ЗА КОИ ВЕЌЕ НЕ ВАЖИ АБОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИТИЧКИ ЕКСПОНИРАНИ ЛИЦА ЗА КОИ ВЕЌЕ НЕ ВАЖИ АБОЛИЦИЈАТА

    Во Службен весник бр. 102 од 27 мај 2016 се објавени одлуките на претседателот Ѓорге Иванов со кои се поништени одлуките од 12 април за помилување на 22 граѓани кои според него се „политички експонирани лица“.

    На останатите од списокот на 56 помилувани од 12 април, согласно законските измени, им е оставена можноста индивидуално да си поднесат барање до претседателот да им биде повлечена аболицијата.

    Аболицијата се однесува на 56 политичари и нивни соработници кои се осомничени или под истрага на Специјалното јавно обвинителство за криминал што може да произлезе од содржината на прислушуваните разговори.

    Еден од помилуваните, Коста Крпач веќе е починат. Специјалното јавно обвинителство соопшти дека Крпач не бил ниту осомничен, ниту под истрага, туку бил сведок во еден од предметите на СЈО.

    Одлуката за поништување на одлуката за помилување се однесува на следниве политички експонирани лица:

    1. Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски
    2. Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи
    3. Никола Груевски, поранешен премиер, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
    4. Зоран Заев, претседател на СДСМ
    5. Бранко Црвенковски, поранешен претседател на Република Македонија
    6. Кирил Божиновски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
    7. Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделие
    8. Мартин Протоѓер, поранешен советник на претседателот на Владата
    9. Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
    10. Бедредин Ибраими, член на ДИК
    11. Мендух Тачи, претседател на ДПА
    12. Трајко Вељановски, претседател на Собранието
    13. Коце Трајановски, градоначалник на Скопје
    14. Владимир Талевски, градоначалник на Битола
    15. Ирена Мишева, претседател на Совет на град Скопје
    16. Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба
    17. Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар
    18. Живко Пејковски, директор на затворот Идризово
    19. Бранко Палифров, функционер во општина Струмица
    20. Исмет Гури, член на општинска изборна комисија од Чаир
    21. Тони Јакимовски, функционер во МВР
    22. Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари